На повидок „бомба“ во Белград: Звезда добива засилување од Јувентус?!
Според последните информации во Звезда се подготвени да инвестираат поголема сума, а како опција се споменува Филип Костиќ кој е на излезна врата од Јувентус.
Договорот на Костиќ со Јувентус истекува во летото кое следи, па така клубот од Торино нема да бара преголема отштета, додека Звезда е подготвена да му понуди одлични услови.
Се открива и дека во Звезда, Костиќ би бил добил најголема плата од околу три милиони евра.