На Фенербахче-Бешикташ имаше 9 жолти картони, 5 црвени, 3 гола и 2 пенала! (ВИДЕО)
Колку беше тензично и напорно кажува судискиот записник. Арбитарот на овој меч додели девет жолти картони, пет црвени и досуди два пенала. Од петте исклучувања две се директни, три поради втор жолт.
Меѓутоа, познаникот на Вардар на крај излезе победник, а токму Фенер отвори, во 20. минута, со голот на Џулијано од првиот пенал. До крајот на полувремето, Фенербахче остана без Нето, кој директно беше пратен на трибините, а кај Бешикташ мораше да напушти Кварежма, бидејќи доби два жолти картона за само две минути.
Војната не продолжи веднаш во вториот дел, туку сите настани како да се собираа за завршните 10 минути. Прво Хачинсон беше исклучен поради втор жолт картон, а за играњето со рака во шеснаесетник, што значеше и пенал за домаќините. Го реализира Јансен во 86. минута, но веќе во следната Бабел ја врати напнатоста со гол за 2-1.
Во 88. минута, Исмаил Којбаши доби директен црвен, а бурлеската ја затвори Озјакуп, со втор жолт во 96. минута. Ова беше натпревар од 6. коло во турската најквалитетна лига, по кој Фенербахче дојде до 11 бода, само два помалку од Бешикташ и лидерот Галатасарај.