Модриќ изненади: Станува косопственик на поранешниот премиерлигаш!

Хрватскиот ветеран од редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ наскоро ќе се стане еден од сопствениците на англискиот клуб Свонси.

Според информациите на познатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо се е завршено  и договорот помеѓу двете страни е постигнат, а преостанува само да се завршат одредени административни работи за се да биде и официјализирано.

Свонси во овој момент се натпреварува во вториот ранг на англискиот фудбал, а пред осум години беа дел и од Премиер лигата.

Во овој момент во Чемпионпиш Свонси се наоѓа на средината на табелата на 12-тата позиција и нема простор да се надева за борба за влез помеѓу најдобрите, но исто така е далеку и од зопната за испаѓање.