Младата надеж на Баерн Минхен ќе игра за Косово!?

Фудбалерот на Баерн Минхен кој оваа сезона игра на позајмица во Хајденхајм, Аријон Ибрахимовиќ е на прагот да заигра за селекцијата на Косово.

Фудбалската федерација на Косово интензивно се обидува да донесе колку што е можно поквалитетни фудбалери во нивната репрезентација.

19-годишниот играч на Баерн Минхен кој настапува за Хајденхајм, е роден во Германија, но потекнува од Косово.

Наводно, претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми имал разговори со Аријон Ибрахимовиќ кој завршиле позитивно.

Ако не се случи нешто непредвидливо, Ибрахимовиќ на пролет ќе дебитира за Косово.

Аријон Ибрахимовиќ фудбал учеше во академијата на Ниргнберг, потоа се префрли во младинскиот погон на Баерн Минхен. Беше позајмуван на Фросиноне, Лацио и сега Хајденхајм.