На местото на Манасков, негов соиграч е повикан во репрезентацијата!

Дејан Манасков го одби повикот на Кире Лазаров да се врати во репрезентацијата на Македонија, па на негово место е повикан неговиот соиграч, Петар Атанасијевиќ.

Пред македонската ракометна репрезентација се два пријателски меча против селекцијата за Јапонија кои се дел од подготовките за настапот на Европското првенство.

По подолга пауза Лазаров за овие натпревари реши да го повика Манасков, но тој го одби повикот поради нарушени односи со селекторот.

Лазаров денеска повика ново име во селекцијата, тоа е Петар Атанасјиевиќ за кого исто така ова е враќање во репрезентацијата.

Првиот натпревар против Јапонија ќе биде од затворен тип, тој го играме на 31 октомври, вториот е на 1 ноември во Куманово.