Работнички новиот „храм на кошарката“ ќе го сефтоса против вечниот ривал - МЗТ!

Реновирањето на салата во Градски парк е во завршна фаза, а градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски објави кога таа ќе биде пуштена во употреба.

Првиот официјален натпревар во неа ќе се одигра кон средината на декември, а прв ривал ќе биде најголемиот ривал на Работнички.

„Сакам да ви најавам дека салата свечено ќе ја отвориме против МЗТ Скопје на 13 декември и воедно најавувам голема победа на Работнички“, изјави Герасимовски кој во моментов се бори за втор градоначалнички мандат во Општина Центар.

Салата во Градски парк во иднина ќе биде со значително намален капацитет од околу 900 места.