Македонска фудбалска репрезентативка направи трансфер во Кипар

Младата македонска фудбалска репрезентативка Јулија Живиќ го направи својот прв интернационален трансфер, откако вчера потпиша договор на Кипар и тоа во екипата на Неа Саламина.

Живиќ е македонска репрезентативка, која моментно е дел од А-селекцијата, а претходно играше во сите младински селекции на Македонија. Таа е поранешна фудбалерка на ЖФК Борец и ЖФК Драгон и има само 19 години, па пред неа е голема перспектива.

Таа е една од малкумината македонски фудбалерки кои играат во странство од актуелниот состав на селекторот Кирил Изов. Секако број еден е најдобрата наша фудбалерка Наташа Андонова, која сега е членка на шпански Леванте, а во странство играат и Ели Јаковска (Турција), Гентијана Рочи (Финска), Симона Крстаноска (Црна Гора)...