Мајсторија: Голман во Романија даде спектакуларен гол од слободен удар (ВИДЕО)

Романскиот голман Богдан Каука, чувар на мрежата на второлигашот Брашов постигна спектакуларен гол од слободен удар против нисколигашот Расинов во првото коло од романскиот куп.

Брашов победи убедливо со 4-0, а Каука како вистински мајстор изведе неодбранлив слободен удар. Реткост во фудбалот е голман да даде гол, па уште мајсторски од слободен удар, а најпознат од сите беше контроверзбиот Хосе Луис Чилаверт.