Кратко траеше авантурата на Илиев во Сараево (ФОТО)

Македонскиот голман, Дени Илиев се збогува со Сараево, во следната сезона ќе брани за нов клуб.

Илиев оваа година потпиша за Сараево за кој одигра вкупно 14 натпревари во првенството и купот.

„Ти благодарам за сѐ Сараево“, напиша Илиев на социјалните мрежи.

Дени Илиев дури десет години беше дел од Арсенал, последните години од тој период ги поминуваше на позајмици. Потоа потпиша за Тренчин, па бранеше за Хелсинки и Сараево е неговиот последен клуб.