Јаховиќ: Јас сум концентриран само на Коња, не знам дали има интерес за мене!

Поранешниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ, во изминатиот период беше поврзан со трансфер во истанбулскиот гигант Бешикташ, но тој за турските медиуми посочи дека во моментов е исклучително концентриран само на настапите за Коњаспор и дека не знае дали има интерес за него.

Бешикташ имаше два обиди за да го купи Јаховиќ, но Коња победа многу повеќе пари од понудените 1,6 милиони евра, па на крај за истите пари го донесе Бурак Јилмаз од Трабзонспор.

„Во вакви трансфер периоди нормално е да има многу шпекулации, многу пишувања. Јас не знам дали има некаков интерес за мене. Можеби некои клубови се интересираат, но јас сум концентриран само на Коњаспор“, вели Јаховиќ.

Македонскиот интернационалец има шест гола и шест асистенции во есенскиот дел од турската Суперлига, но најавува дека во пролетниот дел ќе биде поефикасен, што и го најави на претпоследниот меч во првиот дел од сезоната со два гола

„Се надевам деќа ќе бидам поуспешен во вториот дел од сезоната. Сега имаме нов тренер, со кои поинаку играме...“, додава Јаховиќ.