Играше за Македонија, „пребегна“ во Албанија, а таму го гаѓаат со шише! (ВИДЕО)

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Таулант Сефери, кој го замени македонскиот дрес со албанскиот, на последниот натпревар на Тирана си доби шише директно во главата.

Кумановецот стоеше покрај аут-линијата, по што од трибините долета едно шише кое го удри во главата, а Сефери падна на тревникот и почна да се жали на повреда.

Веднаш реагираа и противничките фудбалери, кои ја замолија публиката да прекине да гаѓа од трибините.