Хаос во Унгарија: Седумкратниот шампион испадна од лига, навивачите влетаа на терен (ВИДЕО)

Ужасна сцена беше видена во Унгарија, по натпреварот меѓу Дебрецин и Пакш кој заврши без победник (1-1).

Со ова реми, домаќинот изпаднаа од Првата лига на Унгарија, кошмар кој беше во најава.  После натпреварот, навивачите на Дебрецен влегоа на терен и почнаа да ги бркаат фудбалерите, па на некои од нив им ги соблекоа дресовите ставајќи им до знаење дека не заслужуваат да го носат дресот на еден од најтрофејните тимови на оваа земја.

По неколкуминутна тортура, интервенираше полицијата, која започна да ги брка навивачите. Сите овие сцени беа беспомошно гледани од фудбалерите на седумкратниот шампион, а поединци и во солзи го напуштија теренот.