
Хаос во финалето од Купот на Словенија, се степаа играчите, ама и тренерите (ВИДЕО)
До хаосот дојде по четвртиот гол на Цеље, а го почна Франк Сидибе кој без причина го нападна Тамар Светлин. Брзо се вклучија играчите на двете екипи, дојде до мешаница и неколку разменети удари, а се вклучија и навивачите кои почнаа да фрлаат предмети од трибината.
На крајот црвен картон доби Фелипе Курсио кој потоа влезе во конфликт со тренерот на Цеље, Алберт Риера. Шпанскиот стручњак по завршувањето на мечот тргна кон клупата на Копер за да се пресмета и со тренерот Славиша Стојановиќ, но тоа брзо беше спречено.
Видеото од инцидентот можете да го погледнете ТУКА.