Расистите кои го навредуваа Винисиус добија затворска казна

Шпанскиот суд донесе одлука против пет навивачи на Валјадолид поради расистички навреди упатени кон ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор на мечот одигран на 30 декември 2022 година.

Навивачите го навредуваа Винисиус со различни расистички пораки, поради што беше отворена истрага, а судот им изрече казна од една година затвор, парична санкција од 1.620 евра и четиригодишна забрана за влез на стадионите во Шпанија.

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот кој се случи на споменатиот меч, а можеше да се забележи дека фановите му довикуваат „мајмун“ на Бразилецот.