
За 26 евра може да ја гледате Македонија на ЕП, со Мишелин мени е 1.000 евра!
Данска е една од најскапите европски земји, но се очекува Фалангата и овојпат да ги бодри ракометарите во голем број. Веројатно ќе бидат присутни и македонски иселеници кои живеа во скандинавските земји.
Најевтините влезници за натпреварите на Македонија се 26 евра, тоа се билети од петта категорија. Во зависност од категоријата влезници може да се купат и за 60, 74, 100 и 160 евра.
Но, за оние кои сакаат убаво да се почестат, има и ВИП влезници кои чинат 1.000 евра. Во нив е вклучено и мени од Мишелин ресторан, пијачки, скапи вина, ВИП паркинг, ВИП седиште...
Влезниците може да се купат на овој ЛИНК.