Јамал ја симна пајажината од голот на Еспањол - неверојатен погодок! (ВИДЕО)

Барселона води на гостувањето кај градскиот ривал Еспањол благодарение на еден совршен погодок на Ламин Јамал.

Ако Барселона победи на денешниот меч ќе стане шампион уште вечерва. Еспањол беше подобар во првиот дел, но Барса има индивидуалци кои од ништо може да направат магија.

Таков беше потегот на Ламин Јамал кој погоди во аголот од голот на Еспањол, голманот немаше шанси.