
Македонија доби тешка група за ЕП 2026 (ФОТО)
Македонија се падна во групата Б каде што во Хернинг ќе се соочи против селекциите на Данска, Португалија и Романија.
Данска важи за една од најмоќните репрезентации во светот, додека Португалија и Романија често играат непредвидливо, па пред македонските ракометари е тежок предизвик.
Првата фаза од натпреварувањето ќе ја поминат само најдобрите две репрезентации од секоја група, што ќе биде дополнителен предизвик за тимовите кои ќе настапат.
ЕП во ракомет е закажано за почетокот на идната година, односно во период од 13 јануари до 1 февруари.