
Ужас во Барселона: Автомобил газеше фанови на Еспањол! (ВИДЕО)
Автомобил се појави меѓу навивачите кои чекаа да влезат на стадионот, тие почнаа да фрлаат предмети кон него и да му викаат, а тој наеднаш даде гас и почна да вози низ толпата.
Повредени се 13 луѓе, никој од нив не е сериозно повреден. Навивачите на Еспањол бараа мечот да се откаже, но веројатно затоа што нема тешки последици од инцидентот, официјалните лица го одбија барањето.
Ултрас фановите на Еспањол го напуштија натпреварот поради тоа што барањето за откажување на мечот не беше прифатено.