
Македонските обложувачи од денеска не можат да се кладат на најголемиот европски сајт!
Оваа интернет страница повеќе не може да се отвори од македонска ај-пи адреса, со оглед што е меѓу тие за кои Владата изгласа забрана за работа во нашата држава како нелегални.
„Го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа, на кои биле прикачени македонски играчи на игри на среќа. Овие се најактивните, што значи дека имаат најголем број на играчи и најмногу средства“, соопшти пред неколку дена министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Во моментов единствена легална онлајн-платформа за обложување има Државната лотарија преку Мегавин.