Почна продажбата на билети за финалето меѓу Вардар и Струга во Купот

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе се соочи против поранешниот шампион Струга во финалето на Купот на Македонија на 21 мај на Националната арена „Тодор Проески“.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека продажбата на билети започнала денеска и се одвива електронски, а цените на билетите се 100 денари за јужна и северна трибина, додека за западна трибина се продаваат по цена од 50 денари.

„Продажбата на билети започнува денеска и се одвива електронски преку платформата на ФФМ, eticket.ffm.mk“, соопшти ФФМ.

Финалето во Купот на Македонија е закажано за среда, 21 мај од 19 часот.