Американски кошаркар фатен со дрога во Индонезија - му се заканува смртна казна!

Џеред Двејн Шо е уапсен во Индонезија поради обид да шверцува дрога во земјата, каде што игра кошарка, па поради тоа му се заканува дури и смртна казна затоа што државата има строги закони против шверцерите.

Американскиот кошаркар игра за Тангеранг хокс во Индонезија од 2022 година, а приведен бил од полицијата на 7 мај, откако полицијата при претрес пронашла 132 бонбони со канабис.

„Си-Би-Ес“ пишува дека во Индонезија вообичаено шверцерите се казнуваат со доживотна затворска казна или погубување со стрелање.

Менаџерот на Тангеранг хокс, Тики Сувантикино посочи дека клубот го осудува однесувањето на кошаркарот и веднаш го раскинува договорот со Американецот.