ФК Партизан останува без име, грб и – стадион?!

Откако вчера фудбалскиот клуб Партизан објави дека излегува од спортското друштво Партизан во хаосот кој веќе подолг период тлее и избувна во битката за (пре)власт во Хумска 1, одговор брзо дојде од Југословенското спортско друштво – црно-белите може да ги снајде судбината на Стеауа.

Романскиот великан кој е бивш европски првак сега игра под името ФЦСБ, откако газдата Џиџи Бекали го загуби спорот со романското министерство за одбрана за името и грбот на великанот. Сега, ФК Партизан се соочува да остане без име и грб, ама и без – стадионот.

ЈСД Партизан објави дека стадионот во Хумска 1 е нивна сопственост, а дека според Статутот постои само еден начин за правно раздружување, ама според членовите во него донесени пред пет години кога претседавал Милорад Вучелиќ, кој сега го објави истакувањето, значи дека сѐ поврзано со името и грбот го губи фудбалскиот субјект ако се случи таков чекор.

„ФК Партизан е клуб на сите партизановци, а не е сопственост на двајца луѓе кои мислат дека можат да прават што сакаат. ФК Партизан не е ничија приватна сопственост и веќе има правни норми кои се поставени со Статутот на ЈСД Партизан. ЈСД Партизан е сопственик на стадионот и истиот може да го користат само членовите на спортското друштво. Клубот што планира да истапи го гуни и правото да го носи името Партизан и грбот“, објави спортското друштво.