Фенербахче се заканува со истапување од турското првенство

Иако малкумина веруваат во такво сценарио, раководството на Фенербахче за 2 април закажа седница на Собранието на клубот на кој ќе се разгледува истапување од турската лига.

Причина за тоа е вчерашниот хаос што се случи по мечот против Трабзон на гости кога неколку стотини домашни фанови влегоа на теренот и ги нападнаа фудбалерите на Фенербахче. Во денешниот извештај на полицијата е надевено дека се уапсени 12 лица и дека е можно таа бројка да биде уште поголема, а осуда на инцидентот дојде и од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Вечерва Фенербахче излезе со соопштение и го најави состанокот на Собранието, но тешко дека ќе биде донесе одлука за излегување од лигата во ситуација кога екипата има само два бода негатива во однос на лидерот Галатасарај.