Елези стрелец за Вараждин на гостувањето кај Осиек (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Агон Елези го постигна единствениот гол за Вараждин на гостувањето кај Осиек, натпреварот заврши нерешено 1-1.

Вараждин поведе на мечот со гол на Елези постигнат во 14. минута од натпреварот.

Македонскиот репрезентативец уште еднаш ја тресеше мрежата на противникот, но со помош на ВАР беше поништен неговиот втор погодок поради офсајд.

Осиек изедначи во 54. минута, а брзо потоа Елези беше изваден од игра.