
Двојна круна за Динамо: Ристовски и Адеми го освоија хрватскиот Куп
Сучиќ и Батурина стрелаа за предност од 2-0 на Динамо во првото полувреме, додека Булат зголеми на 3-0 во 82. минута, а конечниот резултат го постави Фрук во судиското надополнување.
Македонските фудбалери беа стартери на овој меч и помогнаа во освојувањето на двојната круна, откако претходно Динамо го освои првото место во домашното првенство.