Циркуз: Тренер го тужел клубот, па загубил на суд - немал докази дека ги тренирал играчите!?

Балканските фудбалски циркузи и лудории очигледно се бескрајни, дури човек да не поверува што сè може да се случи во овој регион, од кој излегле еден куп врвни фудбалски имиња, но... Вакво нешто ниту човек можел да помисли, а не да се случи, како во Хрватска каде тренер за нешто околу 250 евра загуби судски спорт на најбизарен и урнебесен начин.

Тренерот во Хрватска го предводел нисколигашот Победа од Меѓумурје и клубот му останал должен околу 1.800 куни (250 евра) и решил да го тужи. Тренерот ги дал на суд, ама таму – го загубил спортот. Општинскиот суд во Чаковец ја отфрлил тужбата зашто тренерот не доставил докази дека ги тренирал играчите.

Тренерот се договорил со Победа на почетокот на 2018 година за да да биде прв тренер од 1 февруари до 31 мај. Се договориле усно за плата од 2.000 куни. Но, после четири месеци, откако му завршил договорот, а не видел ни куна, имал нов договор со клубот до крајот на годината да биде исплатен во висина од 5.400 куни и прифатил намалување на платата за десет отсто.

Клубот му дал само 3.600 куни, па тренерот си најмил адвокат за да ги го добие остатокот. Ги тужел работодавците, ама клубот ја оспорил тужбата дека тој воопшто не бил тренер кај нив. Да е циркусот поголем, во Хрватскиот сојуз од 2011 година не бил заведен никаде дека тренирал некој клуб, па ни Победа. А, во записниците од мечевите во периодот кога бил ангажиран, бил ставен дека е претставник на клуб, што не било доволен доказ за на суд. Немал никаков доказ дека одржал 35 тренинзи и имал 15 меча како тренер на клубот, а немал ни сведоци.

Судот после тоа констатирал дека клубот нема обврска да му ди даде тие 250 евра, па сега тренерот уште и е оштетен = ќе треба да плати 1.000 куни судски трошоци (околу 150 евра).