Борац се измачи за триумф, „чиста мрежа“ за Шишковски!

Македонскиот голман Дамјан Шишковски повторно беше одличен во дресот на Борац Бања Лука и ја зачува мрежата во триумфот од 1-0 против ГОШК Габела во 23. коло од босанското првенство.

Шишковски немаше премногу работа на голот на Борац, а голот за триумф го постигна Деспотовиќ во 95. минута од натпреварот.

Дел од натпреварот беше и македонскиот фудбалер Бобан Николов, кој им помогна на колегите да освојат важни три бода.

Зрињски е првопласиран со 60 бодови, по што следи Борац Бања Лука со 57, а трет е Сараево со 49 поени.