Откриена причина за смртта на момчето на Сабаленка – славен хокеар од Белорусија!
Тој ѝ се придружил на својата девојка во Мајами, а последните информации велат дека причина за смртта е белодробна тромбо-емболија. Тоа е состојба во која згрутчувањето на крвта се одвојува од првобитното место и патува низ крвотокот предизвикувајќи оштетување на органите. Во моментот на смртта, Колцов беше помошник тренер во тимот Салавет Јулајев, а требаше да седне на клупата на Динамо Минск од следната сезона.
Легендарниот хокеар учествуваше на Зимските олимписки игри во 2002 и 2010 година и смени неколку клубови во КХЛ, а играше и за Питсбург пингвинс во НХЛ.