Нема „хет-трик“ за Превц, Никаидо победи во Инсбрук (ВИДЕО)

Jaпонецот, Рен Никaидо дојде до победа на скокалницата во Инсбрук и така ја прекина доминацијата на Домен Превц кој победуваше претходно во Оберсдорф и Гармиш-Партенкирхен.

Никаидо триумфот го обезбеди со два скока од 131 и 128 метри и така дојде до 276.5 бода кои се покажаа како доволни за победа. Превц беше блиску, но со 0.6 поени помалку мораше да се задоволи само со втората позиција. Последното место на подиумот му припадна на Стефан Ембахер со 275.8 бода.

Кога е генералниот пласман во прашање, Превц и понатаму е во водство со 895.8 поени со кои е блиску до конечната побеа. Втор е Јан Херл, со 41.4 поен помалку додека Ембахер заостанува 41.7 бода.

Последната од турнејата „Четири скокалници“ на програмата е во вторник од 16:30 часот во Бишофсхофен.

Фото: EPA