Забраната на македонско знаме на Австралија опен била по – грешка!
Министерството за надворешни работи (МНР), преку македонската амбасада во Канбера, веднаш реагирала до австралиските власти и до организаторот на турнирот во Мелбурн за пропустот поврзан со официјалното македонското знаме.
„Оттаму добивме уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка која веднаш е исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања. Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да се повтори“, информираат од македонското МНР.
Организаторот на АО истовремено појаснил дека согласно правилата, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците. Истовремено, добиена е потврда дека за време на дуелот на нашата Лина Ѓорчевска на стартот од квалификациите официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања.