
Венус Вилијамс и на 45 години дели лекции
Вилијамс, која неодамна се врати на теренитте и има 45 години, ја совлада 35. светска и 23 години помлада тенисерка за еден час и 37 минути игра. Тоа е нејзина прва победа по речиси две години и Мастерсот во Синсинати, а последен пат играше во март 2024, на турнирот во Мајами каде загуби во првото коло.
Рекордот за највозрасна тенисерка која победила на ВТА натпревар во сингл го држи Мартина Навратилова која како 47-годишна во 2004 ја совлада Каталину Кастано во првото коло на Вимблдон.