
„Трагично е што Ѓоковиќ со 36 години сѐ уште е најдобар тенисер во светот!“
Популарниот Ноле одамна изјави дека сето ова веќе и не му е толку важно, но и покрај тоа тој е цел на напади, како што е тој од британскиот новинар Мајк Дикинсон, кој напиша колумна за таблоидот „Дејли мејл“ во која бара влакно во јајцето поврзано со успесите на 36-годишниот Србин.
„Тажно е што Ѓоковиќ и на 36 години и понатаму е најдобриот тенисер во светот. Сега е време да се покажат неговите ривали од Топ 10“, е насловот на текстот во кој се бараат негативни страни во тоа што го има направено Новак.
„Разговарав со поранешен тенисер од Топ 10 за моменталниот квалитет во машкиот тенис. Тоа што тој го кажа за квалитетот на денешната елита надвор од Ѓоковиќ и Алкараз не е соодветно за весник, но да речеме дека е далеку од позитивно. Повеќето тенисери сега се вратија во Кина по хаосот со коронавирусот, но Новак реши да ги прескокне тие турнири, што не е изненадување бидејќи знае дека може да биде успешен и ако едвај игра на АТП турнејата. Освен тоа, тој настапи на само шест турнири надвор од гренслемовите сезонава“, пишува новинарот на „Дејли мејл“ и додава дека ова е проблем за тенисот бидејќи најдобриот светски играч не доаѓа на сите турнири и со тоа ги нарушува ТВ правата и спонзорските договори.
Со информацијата дека Новак Ѓоковиќ во изминатава година оствари 19 победи со три порази против тенисери од Топ 10, авторот заклучува дека „конкурентите повеќе не го бркаат заеднички, туку тие повеќе се плаши од неговата големина. Дикинсон потенцира дека Ѓоковиќ сега води со 10-5 против Медведев, иако до неодамна губеше со 5:4, а нешто слично му се случи и против Циципас, против кого доби десет последователни натпревари откако губеше со 2-3. Зверев доби на два од првите четири меча против Ѓоковиќ, но сеха губи со 4-8, додека Рубљев, Синер и Фриц заедно имаат 1-15 против Србинот.
Значи, не се ни блиску, а можеби најблиску до Карлитос е младиот Руне, кој има скор 2-1 против најдобриот на светот. Зачудувачки, поентира британскиот новинар на крајот, најдобар скор против Ѓоковиќ има денеш 300-тиот тенисер на светот, Јири Весели, кој ги доби двете меѓусебни пресметки. Но, според него, нема ништо чудно во тоа, бидејќи Ѓоковиќ е многу подобар од сите.