Синер во сериозен проблем: Русин за идентичен прекршок доби суспензија
Савељев пред членовите на Агенцијата се бранел со зборовите дека забранетата супстанца ја внел во телото ненамерно преку лек, а тоа оправдување не му помогна да избегне забрана за тенис до 2027 година.
Ова предизвика бура на социјалните мрежи затоа што идентичен прекршок направи и Синер, кој имаше два позитивни допинг-тестови, но не доби суспензија.
Светската анти-допинг агенција (ВАДА) веќе поднесе жалба на одлуките за Синер и побара суспензија, а останува да видиме дали казната за рускиот тенисер ќе има влијание врз носењето на одлука за Италијанецот.