Барселона враќа фудбалер кој го продаде пред пет години

Барселона загуби и од Атлетико Мадрид со што ја потврди резултатската криза, а атренерот Ханси Флик веднаш побара нови засилувања од раководството на тимот.

Една од желбите на Флик е поранешниот фудбалер на Барселона, Чави Симонс кој во моментов импресионира со неговите настапи во Лајпциг.

Холанѓанецот беше во Барселона како дете пред да замине во ПСЖ пред пет години за сума од 1,5 милиони евра, а сега неговата вредност се проценува на неверојатни 80 милиони евра.