
Синер сепак тренирал, но далеку од очите на јавноста!
Италијанецот се повреди во мечот против Димитров и неговото учество на Вимблдон беше под знак прашалник, меѓутоа тој сепак денеска тренирал.
Најдобриот светски тенисер тренингот го одработил далеку од очите на јавноста, но не на трева, туку на твда подлога и под затворено.
Информацијата за медиумите ја потврди неговиот тренер, Дарен Кејхил.
„Отидовме на затворен терен и само додававме топка 20-30 минути. Ќе биде добро, беше убаво да се излезе на терен, невозможно е тој да земе слободен ден“, изјави Кејхил.
Ќе потсетиме, Синер во четвртфиналето помина откако Димитров го предаде мечот поради повреда при водство од 2-0 во сетови. Противник на Италијанецот во четвртфиналето ќе му биде Бен Шелот.