Синер не се испоти многу против Махач, прв стигна до полуфиналето во Мајами!

Јаник Синер е првиот полуфиналист на турнирот во Мајами откако лесно во два сета го совлада чешкиот тенисер Томаш Махач.

Синер игра во голема форма веќе подолго време, константноста ја продолжува и на турнирот во Мајами. Тој лесно ја оправда фаворитската улога против Махач.

Првиот сет го доби со 6-4, а во вториот беше поубедлив, славеше со 6-2 за победа од 2-0 во сетови.

Во полуфиналето Синер ќе игра со победникот од дуелот меѓу Медведев и Јари.