
Синер и Швјонтек дојдоа до трофеите, ама не беа најголеми ѕвезди на Вимблдон (ФОТО)
Шоуто им го украде Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која по подолга пауза поради најтешката болест, повторно се појави на Вимблдон, продолжувајќи ја традицијата да го додели трофејот на победниците. И покрај тоа што сè уште се лекува, таа беше присутна на финалните мечеви. Кејт во саботата ненадејно се појави на женскиот финален меч и тоа во друштво на легендарните Мартина Навратилова и Били Џин Кинг, на кој беше поздравена со бурни аплаузи и повици од публиката. На крајот таа свечено ѝ ја врачи титулата на новата шампионка Швјонтек.
За неделното финале во машка конкуренција, пак, ѝ се придружија принцот Вилијам и нивните деца – Џорџ и Шарлот, кои традиционално привлекуваат внимание со своето присуство и однесување. Кејт Мидлтон не ја криеше емоцијата и возбудата од машкото финале, на кое свечено го прогласи Јаник Синер за победник на Вимблдон 2025 година.
ФОТО: EPA PHOTO