Синер го скрши Јубенкс на стартот на Ролан Гарос

Италијанскиот тенисер Јаник Синер без поголеми проблеми се пласира во второто коло на Ролан Гарос, откако за 131 минута го надигра Кристофер Јубенкс со 6-3, 6-3 и 6-4.

Синер тргна со два брејка во првиот сет и поведе со 4-1, по што Јубенкс успеа да се врати за момент на 3-4, меѓутоа Италијанецот стигна до 6-3.

Идентично беше и во вториот сет каде што Синер стигна до 6-3, додека во третиот сет го надигра со 6-4.

Синер во второто коло ќе игра против ветеранот Ришар Гаске, кој беше подобар од Борна Чориќ.