Синер-експрес: Првиот светски рекет со само седум загубени гема до осминафиналето

Јаник Синер обезбеди пласман во осминафиналето од УС Опен откако вечерва за помалку од два часа го совлада Кристофер Оконел од Австралија со 3-0.

За доминацијата на Италијанецот најдобро зборува фактот што загуби само седум гема, а најмногу мака виде во вториот сет кој го доби со 6-4 за 51 минута. Освен тоа, на својот противник не му дозволи ниедна брејк-топка во целиот меч и по кратка постапка стигна меѓу 16. најдобри.

Таму би можел да го има првиот посериозен тест на УС Опен бидејќи потенцијален ривал му е Томи Пол, 14. носител на турнирот.