
„Синер е најдобар на сите времиња - направен е од Чат Џи-Пи-Ти!“
По натпреварот, Бублик со насмевка му честиташе на Италијанецот, со помалку контроверзна изјава.
„Јас не сум лош, но ти си најдобар на сите времиња“, изјави Казахстанецот.
Подоцна, во изјава за новинарите, тој додаде дека Синер на терен изгледа како „играч генериран од вештачка интелигенција“ (Чат Џи-Пи-Ти) поради совршената игра и константниот притисок. Синер во последните дванаесет месеци е во феноменална форма – има само пет порази, четири од Карлос Алкараз и еден токму од Бублик, на турнирот во Хале ова лето.
Таа сензационална победа останува единствената на Казахстанецот против Италијанецот, кој очигледно во Њујорк имаше силна мотивација за реванш.