Шумахер е минато: Босанската убавица си најде нова „жртва“ – најдобриот светски тенисер! (ФОТО)

Финалето на Ролан Гарос во кое Карлос Алкараз го победи Јаник Синер и понатаму е тема во спортската јавност, но сега медиумите се занимаваат и со приватниот живот на италијанскиот тенисер.

Вниманието на трибините го привлече данскиот модел со потекло од БиХ, Лејла Хасановиќ, поранешната девојка на Мик Шумахер која во последниот период се почесто се поврзува со најдобриот светски тенисер.

Двајцата се слободни, Синер ја прекина врската со руската тенисерка, Ана Калискаја, додека Хасановиќ се разделила со Шумахер.

Италијанските медиуми веќе пишуваа дека Синер бил забележан во Копенхаген каде што се сретнал со Лејла, иако пред Ролан Гарос Италијанецот се обиде да демантира.

„Не, немаше девојки. Имав работни обврски, неколку фото-снимања. Ништо повеќе од тоа“, изјави Синер.

Сепак, присуството на Лејла во Париз беше доволна причина двајцата повторно да се најде во центарот на вниманието.