Фабио Канаваро пред нов ангажман

Фабио Канаваро кој последниот ангажман го имаше на клупата на Динамо Загреб наскоро би можел да се врати на тренерската работа.

Според инфромациите на познатиот италијански новинар, Николо Шира, кој се повикува на извори блиски до клубот, Канаваро е главвен фаворит за нов тренер на ЦСКА Москва.

ЦСКА во минатата сезона предводена од Марко Николиќ кој го водеше клубот само една сезона заврши на третото место на табелата со 59 бода, но успеа да го освои Купот на Русија. Сепак, поради суспензијата за руските клубови од УЕФА поради агресијата во Украина не доби место во европските натпреварувања.

Како тренер во кариерата Канаваро покрај Динамо Загреб ги предводеше екипите на: Удинезе, Беневенто, Тијанџин, Ал-Наср, Гвангжу и Ал Ајли. Исто така еден период ја предводеше и репрезентацијата на Кина како селектор.