Јамал не блеска само на теренот – ѝ помага на Барса да го реализира трансферот на летото!

Ламин Јамал зад себе има фантастична сезона во која беше еден од најважните фудбалери на Барселона, а летово може да има големи заслуги за најголемиот трансфер на каталонскиот гигант.

Имено, во текот на вчерашниот ден се појави информацијата дека Барселона ги обновила преговорите со Нико Вилијамс и тоа на барање на фудбалерот.

Барселона се обидуваше да го доведе Вилијамс минатото лето, но тогаш трансферот не се реализираше, меѓутоа сега улога на агент игра Јамал.

Шпанските медиуми пренесуваат дека веднаш по завршувањето на сезоната Јамал се фрлил на работа и го убедувал Вилијамс со кого одлично соработува во шпанската репрезентација да му се придружи и во Барселона.

Нема дилеми дека Нико Вилијамс би бил големо засилување Барселона, но останува да се види како целата ситуација ќе заврши.

Фото: EPA