Уште еден црвен картон: Начевски и Николов исклучија ракометар на Барселона (ВИДЕО)

Откако во првото полуфинале во Келн помеѓу Фуксе Берлин и Нант видовме исклучување на најдобриот ракометар во светот Матијас Гидсел, црвен картон во втората полуфинална битка заработи Тијагус Петрус од Барселона.

Второто полуфинале го судат најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, а по еден дуел на теренот тие се одлучија да му покажат директен црвен картон на Бразилецот.

Нема дилеми дека оваа одлука може да биде предмет на коментари, посебно ако Барселона биде елиминирана.