Екс-вардарецот Милосављев правеше чуда на голот, Фуксе Берлин прв финалист во Келн!

Најмногу благодарение на поранешниот вардаррец, Дејан Милосављев, Фуксе Берлин славеше убедливо над Нант со.34-24 и се пласираше во финалето од Лигата на шампионите.

По само осум минути германскиот тим остана без својот најдобар ракометар, Матијас Гидсел, но шампионот на Бундеслигата и без него на теренот доминираше.

Нант во ниту еден момент немаше водство, а многу брзо Германците почнаа да се „одлепуваат“.

Со неколку мини-серии Фуксе Берлин на полувремето си обезбеди предност од шест гола (18-12).

Ништо не се проемни ниту во вториот дел, ракометарите на германскиот состав сигурно ја чуваа стекната предност за во финишот и да дојдат до двоцифрена разлика.

Дејан Милосављев беше фантастичен на голот со 15 одбранети удари и успешност од 38%, додека најефикасен беше Тим Фреихофер со 10 гола. Кај Нант  најмногу се истакна Николас Торнат со шест погодоци.

Во финалето Фуксе Берлин ќе игра против подобриот од денешното второ полуфинале помеѓу Барселона и Магдебург од 18:00 часот.

Фото: EPA