
Не е шега: Манчестер јунајтед е најгледан клуб во Премиер лигата
„Скај Спорт“ и „ТНТ Спортс“ сезонава забележале пад на гледаност, но на тој тренд најмногу пркоси Манчестер јунајтед кој важи за клуб со најмногу навивачи во Англија.
Но, медиумите на Островот пишуваат привлечноста на Манчестер јунајтед не била поттикната само од верните навивачи, туку и од противничките симпатизери кои ги гледале нивните проблеми.
Имаа „ѓаволите“ шанса да ја спасат сезоната со трофејот во Лигата на Европа, но во финалето беа поразени од Тотнем со 1-0. Во клубот очекуваат ситуацијата да се промеи, па поради тоа сигурно ќе бидат активни во летниот преоден рок во кој веќе за 70 милиони евра пристигна Матеус Куња од Вулвс.