
Веќе нема дилеми: Откриени и детали од договорот на Гатузо со Италија
Најпознатиот италијански новинар кога е трансфер пазарот во прашање, Фабрицио Романо објави дека Гатузо постигнал договор со Фудбалскиот сојуз на Италија и наскоро би требало да следи и официјална потвда.
Гатузо на клупата на Италија доаѓа по работата во Хајдук со кој се бореше за титулата во хрватското првенство, но не успеа да ја освои. „Газета дело Спорт“, сега открива и детали од неговиот договор.
Наводно Гатузо ќе потпише соработка на една година со можност за продолжување на уште една, а платата ќе му биде нешто под два милиони евра, колку што заработуваше и Спалети. Тоа значи дека ќе зарабоува повеќе отколку во Хајдук каде што имаше 1.5 милион евра.