
Шпанците се педантни: Ѓоковиќ доби казна - ќе мора да плати или да руши!
Како што пренесуваат локалните медиуми Ѓоковиќ на 13 февруари по вторпат добил казна од 5.000 евра и од него се барало да сруши некои од промените кои ги направил на вилата или да ја извади потребната документација.
Спорот помеѓу Ѓоковиќ и градската управа започна во февруари 2024 година бидејќи според нив Ѓоковиќ кон крајот на 2022 година извршил реновирање без дозвола.
Во февруари 2024 година Ѓоковиќ бил предупреден дека мора да ги реши неправилностите, а потоа на 6 август ја добил и првата казна во износ од 5.000 евра.
Откако било утврено дека повторно не ја доставил документацијата, сега во февруари одново бил казнет.
Вилата на Ѓоковиќ се наоѓа во ексклузивниот дел од градот и вреди над 10 милиони евра.