Сензација во Торонто: Циципас го елиминираше Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ вечерва не успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Торонто, откако загуби од Стефанос Циципас со 6-3, 6-7 и 6-3.

Циципас беше подобар ривал во првиот сет, имаше дури шест брејк топки од кои искористи една, а имаше и подобар процент на освоени поени по првиот сервис, но и по вториот.

Подобра игра на Србинот видовме во вториот сет, но и младиот Циципас играше многу добро, па Ѓоковиќ мораше да спасува брејк топки во деветтиот гем при 4-4, но на крајот во тај-брејк беше поуспешен.

Во вториот сет, Ѓоковиќ лошо тргна и во третиот сет, а тоа го искористи Циципас кој на крајот стигна до 6-3 и голема победа против Србинот.

Во четвртфиналето Гркот ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Александар Зверев и Данил Медведев.