Рибакина вторпат по ред ќе игра финале во Мајами

Тенисерката од Казахстан, Елена Рибакина се пласираше во финалето на турнирот во Мајами каде ќе игра против Американката Даниеле Колинс.

Рибакина во полуфиналето во три сета ја победи Викторија Азаренка и покрај тоа што загуби сет без освоен гејм.

Првиот сет го доби со 6-4, но во вториот загуби со 0-6. Сепак во третиот решавачки по голема борба победи во тајбрејк со 7-6 и се избори за финале.

Рибакина стана само третата тенисерка која во последните десет години успеала да стигне до последователно финале во Мајами, тоа претходно им успеа само на Серена Вилијамс и Ешли Барти.

Во финалето Рибакина ќе игра против Американката Даниеле Колинс која во полуфиналето ја совлада Александрова со 6-3 и 6-2.